Албанците бараат да се промени границата со Грција – Дали е ова жариште на новиот конфликт?


 Односите меѓу Албанија и Грција уште еднаш се затегнати заради “недопирливите” поморски граници во Јонското Море.

Морската граница и експлоатацијата на нафтените полиња во Јонското море повторно ги влошија билатералните односи помеѓу Албанија и Грција.

Проблемот со поморската граница  според аналитичарите ќе продолжи да ги  зголемува тензиите помеѓу двете земји  бидејќи решение на проблемот не е на повидок и по неколку декади.grcija albanija

Сега кога се најавуваат нови истражувања за давање на концесии за барање на подводни нафтени полиња од Грција, официјална Тирана  не дозволува тоа да се случи во  територијалните води на Албанија.

Грчкиот весник “To Vima” пишува дека грчките министри ќе го бојкотираат состанокот на парламентарната соработка на земјите од Југоисточна Европа во Албанија поради продолжување на несогласувањата на двете земји за територија во Јонското Море. Поради новите заострувања на односите помеѓу двете земји,  шефот на грчката дипломатија   Никос Колѕиас  нема да учествува на министерската балканска конференција – SEECP на шефовите на дипломатиите  што ке се одржи во Тирана на 22. мај.

Албанија испратила протестна нота до Атина заради нелегалното истражување на нафта во областите кои се наоѓаат на поморската граница на овие држави.mapa grcija albanija

Овој грчки весник вели дека ова прашање повторно доведе до несогласувања и дека Албанија сега сака да го испита пакетот на договорот кој би ги дефинирал копнените граници и укинувањето на воениот закон кој е на чекање помеѓу двете земји.

Исто така, Атина е резервирана кон Трибуналот, кој вели дека не ја признава надлежноста на поморските гранични прашања.

Овие прашања ќе доведат и до правата на Грција да ги истражува и експлоатира јаглеводородот во областа на Јонското Море, што уште повеќе ќе придонесе за заострување на односите со Албанија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1