Во селото Рељинац во близина на Прокупље утрово околу 4 часот изби пожар во куќата на семејството Стошиќ и ги зафати сите помошни простории. За среќа нема повредени, но се изгоре.
Како што се дознава неофицијално сестрата на сопственикот на куќата го забележала пожарот и веданш ги алармирала домашните, кои спиеле и најверојатно би настрадале.
Во гасењето на пожарот учествувале три противпожарни возила, а на терен била и екипата на итната помиш од Здравствениот дом во Прокупље.
-Беше страшно. Никогаш не сум видел толкав пожар. Оган излегуваше од сите страни и навистина е среќа што нема повредени, вели мештанин од ова село кој утрово бил на местото на пожарот.
Во тек е испитување на причините поради кој настанал пожарот.