Сезоната на МЗТ почна со тепачки, се прекина мечот со Черкаси, на сите страни летаа шишиња


 

Првично препукувањата започнаа меѓу  Ѓорѓи Чековски и Винстент Хантер, а потоа се прелеа и кај другите кошаркари.

Несогласувањата меѓу кошаркарите, беа причина за еден дел од гледачите од трибините да влетаат на паркетот обидувајќи се да се премсетаат со противничките играчи. Во моментот кога се мислеше дека гужвата заврши, дојде до нова пресметка меѓу Чековски и Хантер. Натпреварот се претвори во општа тепачка. На сите страни летаа шишиња.

 

Откако работите се средија, судиите прогласија крај на натпреварот, а гостинските играчи под свирежи и со по некое шише упатено кон нив го напуштија теренот. Тоа беше воедно кулминација на провокациите на дел од играчите на Черкаси, пред се на Американците, кои во неколку наврати во текот на мечот непотребно реагираа неспортски што внесе немир кај кошаркарите на МЗТ.

Кога се прекина натпреварот, МЗТ водеше 53-49. Поради тепачката која се случи во салата Јане Сандански,  утрешниот пријателски натпревар меѓу двете екипи нема да се одржи.

 

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1