„Сфатете, Македонија е грчка“ – лидерот на независни грци во интервју за Канал 5


„Треба да сфатат дека Македонија е грчка“. Тоа го изјавил лидерот на партијата „Независни Грци“ и коалиционен партнер во владата на Грција, Панос Каменос, во интервју за телевизија Канал 5.kamenos

Во интервјуто тој истакнал дека за некои прашања имаат категорично спротивставени позиции со премиерот Алексис Ципрас, бидејќи „СИРИЗА“ е за сложено име, кое ќе го содржи терминот „Македонија“.

„За името треба да сфатат дека треба да ја почитуваат историјата на Македонија. Македонија е грчка“, изјавил Каменос.

Според весникот „Катимерини“ еден од условите на Каменос за да ја поддржи првата влада на Ципрас е тоа да не отстапува од одбивањето на повеќе од над 20 години да не го признава името „Република Македонија“ на јужниот сосед на Грција.

Целото интервју може да го погледнете на овде.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1