Шабан Шаулиќ ограбен


Пејачот Шабан Шаулиќ доживеал непријатност бидејќи претприемач му ги земал парите и побегнал, а работниците не сакаат да ги завршат работите околу неговата куќа на Дедиње.Saban-Saulic-noz

 

Работниците одбиваат да продолжат да го работат тоа за што се ангажирани, бидејќи не им е платено за сето тоа што досега го работеле. Гоца и Шабан сега се соочени со голем проблем во кој ги доведе претприемачот кој ја организираше работата на нивната куќа и побегна со парите кои му ги дадоа за да ги исплати работниците, навел еден од идните соседи на популарниот пејач.

Гордана и Шабан почнале да ја градат куќата минатото лето. Тоа што претставува дополнителна непријатност за овој брачен пар е тоа што нивната недвижност на Врачар, каде што во моментов живеат, ја продале уште во февруари.

Ги видов Гоца и Шабан како доаѓаат на Дедиње многу нервозни и потоа како разговараат со неколку останати работници кои одлучиле сепак да останат и да ја завршат работата, изјавил соседот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1