Шарапова инвестираше во нов бизнис – отвори продавница за слатки во Њујорк


Руската тенисерка Марија Шарапова наоѓа нови начини на кои ќе може да заработува по завршување на нејзината кариерата. Таа во Њујорк отвори продавница за слатки.

Во понудата на ланецот продавници, што ќе се викаат „Шугарпова“, ќе има повеќе од десет видови на „гумени бонбони“, во облик на тениски топчиња, потпетици, женски торбички и слично.

– Ова е највозбудливиот проект кој го започнав, бидејќи станува збор за бизнис во кој инвестирам сопствени пари, истакна Шарапова.

Шарапова додаде дека за овој проект, од концептот, развојот на идејата, па се до реализацијата биле потребни 18 месеци.
Во понеделникот, тениската ѕвезда стоеше пред 12-те видови на таканаречените  Шурапова бонбони, во новата продавница на нејзиниот партнер, компанијата „It’Sugar“, фирма која се сретнува на 40 локации низ светот.
Руската тенисерка моментално е трета на ВТА листата, зад Белорусинката Викторија Азаренка и Полјачката Агњешка Радванска.

Tags: , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1