Позната тениска судијка го убила мажот со чаша за кафе – уапсена е


Познатиот тениски судија Луис Гудман е уапсена денес во Њујорк поради сомнеж дека во април си го убила мажот.

Гудманова се подготвувала за судење на Ју-Ес опен, каде требало да биде линијски судија, полицијата ја уапсила бидејќи е осомничена дека во Лос Анџелес со чаша за кафе на смрт го претепала сопругот.

По смртта таа на полицијата и рекла дека е несреќен случај, а дека таа цел ден не била дома, а кога се вратила го пронашла мртов во креветот, претпоставила дека паднал низ скалите, доживеал срцев удар, а потоа успеал да се качи до спалната и да легне.

Обдукцијата покажала дека на вратот и главата има рани нанесени со остар предмет, а најверојатно се работи за скршена чаша за кафе.

“Не сакаме да претпоставуваме кој би бил мотивот сега. – изјавиле во полицијата. Ако биде прогласена за виновна Луис Гудман, која има 70 години, би можела да биде осудена на доживотна казна затвор.

Гудман, е судија веќе 33 године, позната е по бурните расправии со тениските великани како Џон Макенро, Мартина Навратилова и сестрите Серена и Венус Вилијамс.

Надлежните на Ју-Ес Опен не сакале да коментираат за апсењето.

Луис Гудман и нејзиниот покоен сопруг Алан беа и сопственици на продавница за авто-делови во Лос Анџелес.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1