Фото + Видео: Поради коментари на Фејсбук го сместиле во психијатрија!


Рауб на својот профил на Фејсбук објавил неколку пораки со кои сугерира дека нападот во Њујорк на 11 септември 2001 година го извела американската Влада. ФБИ го уапсила, а потоа го пратила на психијатрија поради неосновани „терористички мисли“.

Брендон Џ. Рауб служел во американската војска за време на два воени конфликти, во Авганистан и во Ирак. Во четвртокот агенти на ФБИ заѕвониле на неговата врата и го приведиле.

Видеото од апсењето е објавено на Youtube и крена голема прашина за овој случај.

– Триесет минути разговарав со господинот од тајната служба. Бев исклучително фин и одговорив на секое поставено прашање. Навистина ги сакам САД и фактот дека можам да бидам уапсен и одведен некаде без судски налог и без адвокат е чиста лудост, изјавил Рауб за тамошните медиуми во телефонски разговор.

Рауб на својот профил потпишал дури и петиција со која бара повторно да биде отворена истрагата за нападите во Њујорк.

– Доколку не сте свесни за огромната количина на зло кое го направи американската Влада, предлагам да ги извадите главите од песокот и денот на пресметката се ближи. Револуцијата е тука и јас сум спремен да ја водам, објавил Рауб на својот Фејсбук профил.

Неговата мајка вели дека со овој случај се нарушува слободата на говорот, а Амнести Интернешнал, водечка организација за човекови права, се уште не се изјаснила за овој случај.

 

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1