Шарена солена торта


Потребни состојки:

За тестото:

tiorta-650x3259 јајца,

2 кисели павлаки,

9 лажици брашно,

1 кесичка прашок за пециво,

сол.

За фил:

400 мл павлака,

400 гр мајонез,

малку краставици,

2-3 варени јајца,

50 гр пршута или врат,

50 гр шунка,

150 гр фета сирење,

 

300 грама кашкавал

кечап

Подготовка:

За тестото изматете ги белките со малку сол , додадете жолчки, брашно и павлака и поделете на три дела. Едниот се пече жолт, а во другите два се става малку сецкан и обарен спанаќ и се пече на 200 степени во плех од рерна.

За филот промешајте павлака и мајонез и поделете на три дела. Во еден дел додадете сецкани краставици, јајца и половина изрендан кашкавал. Во вториот ставете пршута и малку рендано сирење. Во третиот ставете шунка и малку кечап.

Наредете ја зелената кора, па првиот фил, жолтата па вториот фил, зелената кора па третиот фил и најгоре  изрендајте од кашкавалот.

365.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1