Шарлиз Терон и Шон Пен обвинети дека малтретирале дете


Шарлиз Терон и Шон Пен беа принудени да се соочат со полицијата, по обвинувањето на еден очевидец кој тврдел дека тие го малтретирале двегодишниот син на актерката, Џексон

14112014164857_serliz
Тие, сепак, како што јавија американските медиуми, набрзо биле ослободени од обвинението.

Познатата актерска двојка била на пешачење во паркот „Васкез Рокс“ во јужна Калифорнија, кога еден очевидец повикал полиција затоа што посвоениот син на Шарлиз почнал да вриска.

Сведокот тврди дека се обидел да го сними целиот инцидент, но актерката наводно се впуштила во расправија со него, по што тој не успеал во неговата намера.

Полицијата пристигнала набрзо и констатирала дека малиот Џексон само бурно реагирал на изречената родителска казна, така што Шон и Шарлиз нема да бидат кривично гонети.

Терон го посвои Џексон во 2012 година и од тогаш нејзините пријатели имаа само пофални зборови за нејзините воспитни методи.

Со Шон Пен актерката почна да се забавува во јуни оваа година, а се претпоставува и дека тие се веќе свршени.

Пен со претходната сопруга, актерката Робин Рајт, има две деца. Иако е познато дека има проблем со контрола на својот бес, Пен досега никогаш не бил обвинет за малтретирање деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1