Шатори и пред Собрание – „Чувари на Македонија“ остануваат пред Собранието (фото)


satori sobranie

foto – Republika

По завршувањето на денешниот голем народен собир за силна Македонија кој го организира ВМРО-ДПМНЕ, а го поддржaa поголем број на невладини организации, здруженија, јавни личности и групи, поголема група на граѓани во текот на целата вечер и веројатно и во следните денови остануваат пред Собрание. Тие се Чуварите на демократијата и на изборната волја, јавува Република.мк.

-Припадници сме на невладините организации кои даваат поддршка на овој народен собир, вели еден од организаторите.

-Собранието е симбол на државноста на Македонија, ќе останеме колку што е потребно, се додека не се отфрли во целост ова загрозување на државните и национални интереси кое го прави опозицијата и Сорос, кои сакаат да се дограбат до власт без избори и на штета на народот а во корист на туѓи интереси. Мора да разберат дека народот е самосвесен и слободољубив и нема да дозволи црни сценарија какви што тие посакуваат, вели еден од граѓаните кои остануваат пред Собрание.

Според информациите на организаторот се планира целовремено присуство на најмалку 500-600 лица, за што ќе се постават и шатори и друга опрема и реквизити.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1