Шеф на 15 мафијашки кланови, близок со Коза Ностра – кој е Македонскиот бос Даут


За него се вели дека е шеф на 15 мафијашки албански кланови, а тесно соработува со италијанската „Коза ностра“. Самиот признава дека каде што шверцувал дрога, имал поддршка од политиката. Соработниците тврдат дека станува збор за ретко интелигентна личност.

C680D7C0AB81A64695CD65DA8555376BКој е Даут Кадриовски алијас Мехмед Хајдини? Роден е во 1958 година во Скопје, како млад се сели во западноевропските земји. Се поврзува со албанската мафија. Напредува бргу, станува еден од водечките луѓе на подземјето, па во 1985 година се случува неговото прво апсење во Германија. Властите му конфискувале неколку вили, јахти и луксузни автомобили. Успева да побегне од затвор. Всушност, приведуван е неколку пати, но никогаш не завршува на подолго време зад решетки.

Во почетокот на 90-тите години од минатиот век заминува во Австралија. Шверцува кокаин и во Америка и во Европа, го бараат 13 земји. Самиот појаснува дека во Грција не му било проблем да среди транспорт на 20 килограми дрога со дипломатско возило.

daut1Во септември 2001 година е уапсен во Албанија, каде што минал шест години. Два месеци подоцна е екстрадиран во Италија, каде што во отсуство е осуден на 12 години затвор. Сивиот волк – кој му е еден од прекарите – во февруари 2002 година од својата ќелија испраќа писмо до албанските медиуми. Вели дека во тоа му помогнал еден од пријателите во затворот, кој ја имал отслужено казната. Детално ги наведува своите активности, пријатели, непријатели, шверцот, моќта и луѓето со кои бил поврзан. Признава дека не бил „ангел“, се занимавал со нечесни работи, но негира дека работел на растурање на државите, ги споменува Југославија, Албанија и Италија. Всушност, српските истражувачи го потенцираат Кадриовски како еден од главните финансиери на ОВК.

Ниту во италијанските затвори не се задржува многу. Бега и оттаму. Никој со сигурност не знае каде се движел од 1993 година досега. Според едни шпекулации, пет години минува во Бангладеш. Според други, од Италија директно одлетал за САД. Се претпоставува дека таму е и денеска. Поседува неколку лажни идентитети и се’ уште е недостапен за Интерпол.

Утрински

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1