Шефови мислете му ја: Што помали плати, тоа поболни ви се работниците – научно се докажа


Според најновото истражување на US Davis, работниците со нанјниски примања имаат поголем ризик од хипертензија отколку работниците со највисока плата.
Leigh_JPaulКолерацијата помеѓу платите и хипертензијата е особено силна кај жените и лицата на возраст од 25 до 44 години.
„Бевме изненадени за тоа дека ниските плати беа толку силен фактор на ризик за двете популации, кои што обично не се поврзани со хипертензија, која се почесто беше поврзувана со постарите машки особи“, вели Џ. Пол Ли, висок претставник на авторот на студијата и професор по јавно здраство на УС Дејвис Универзитетот.

„Нашите резултати покажуваат дека жените и помладите вработени кои работат со најниска плата на скалата, треба постојано да бидат прегледувани“, вели Ли.

Main_complications_of_persistent_high_blood_pressure.svgСтудијата објавена во декември во Европскиот весник за јавно здраство и ова е прва студија која ги поврзува примањата со хипертензијата, која се случува кога силата на циркулацијата на крвта удира пресилно во ѕидовите на аретериите.

Според Центрите за контрола на болести и превенција, хипортензијата влијае приближно кај 1 од 3 возрасни во САД, а чини повеќе од 90.000.000.000 долари секоја година во здраствените услуги, лекови и пропуштени работни денови.

Таа исто така е голем придонесувач за срцевите заболувања и мозочните удари, од кои и двете се причини за смрт и инвалидитет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1