Шега или закана: Лустраторот жив, а Битола исполепена со некролози дека починал


На Мртва Сабота некој невкусно се пошегувал со лустраторот Томе Аџиев. Неговиот роден град Битола утрово беше исполепен со некролози во кои се соопштува дека Аџиев починал на 61 годишна возраст, пишува Дневник.

CE1745DC48CA48438C195926A97BB724На некролозите пишуваше дека смртта настапила денес ненадејно во несреќен случај, а опелото и погребот ќе се извршат утре во 13 часот на Буковските гробишта во Битола. Понатаму дека посмртните останки ќе бидат изложени утре од 10 во црквата „Свети Димитрија“.

Додека ваквата лажна вест се ширеше низ Битола, Аџиев здрав и жив беше на утринско кафе со пријателите во ресторанот „Бриони“ во битолската чаршија.

– Ова е невкусна шега. Утрово дознав кога на телефон ми се јави пријател и кога ми го слушна гласот почна да вика од радост. Ова е работа на болни умови. Никој нема да ме заплаши, продолжувам и понатаму со работа во Комисијата за лустрација- изјави Аџиев.

Некрологи беа ставени по бандери, автобуски постојки, на таблите пред црквите.Обвинителството и наложи на полицијата да покрене истрага за случајот. Од СВР велат дека се работи за клевета и дека неколку лица дале изјава, меѓу кои и лустраторот.

Погребалното претпријатие „Вечен Сон„ чие име беше напишано на некрологот се огради од целиот случај.

– Беше злоупотребено нашето претпријатие и поднесена е пријава до соодветните органи. Ниту квалитетот на хартијата, ниту фондот со кој е напишан текстот не соодветствуваат со оние што се користат во нашата програма. Според тоа, поставените некролози се фалсификат- изјави Сашо Јанакиевски, сопственик на „Вечен сон“.

Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1