Шеик платил 2 милиони евра за телефонски број


Еден деловен човек од Саудиска Арабија платил повеќе од 2 милиони евра за број на мобилен телефон,што е најголема цена за овој тип на услуга во Обединетите Арапски Емирати.

seik mobilen

Додека некои луѓе едвај спојуваат крај со крај, други не знаат што да прават со своите пари, па на аукции трошат по цело богатство на необични броеви на телефон. Најскапиот број продаден во Обединетите Арапски Емирати, бројот 052 2222 222, е дел од аукцијата која ја организрал Телеком Ду, овој викенд во Дубаи.

– Бројот е продаден за 2 милиони евра на локален бизнисмен,што е нов рекорд на аукциите за бројот на мобилен телефон во Обединетите Арапски Емирати, изјавил Ахмед Абурахим,потпретседател за владини односи во ОАЕ.

Идентитетот на купувачот не е објавен. Компанијата Ду соопштила дека дел од парите ќе одат во добротворни цели.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1