Шест годишната Марија Николова го преплива половина Дунав


Шест годишната Марија Николова беше најмалата учесничка во иницијативата да се преплива половина од реката Дунав, која како централен организатор секоја година ја спроведува „нуклеарната централа Козлодуј“, во соработка со општината Козлодуј.

Најстариот учесник пак Захариј Бојаџиев имаше 67 години. Сите учесници беа транспортирани со чамци до средината на реката, а за најдобрите следуваа значајни сувенири.
Иницијативата се одржува секоја година, а за прв пат се случила во 1962 година.

Организаторите обезбедиле доволен број на спасувачи, потребна опрема и медицински тим, кои што треба да ја обезбедат безбедноста на учесниците.

Заменик извршниот директор на „нуклеарната централа Козлодуј“, ЕАД Марија Илиева им честиташе на сите учесници, како на оние кои што финишираа, така и на оние кои што не успеаја да се справат со предизвикот.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1