Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска потврди дека издал налог за да се почне постапка за дислоцирање на галиите од реката Вардар.
– Ги испитуваме позициите на сите три објекти и визави таа позиција ќе бидат донесени соодветни решенија. Галиите во Вардар се небезбедно решение за граѓаните на Скопје – потенцира Шилегов.
На новинарско прашање за состојбата со депонијата „Дрисла“ и со шпекулациите дека таму се гори радиоактивен отпад, Шилегов побара трпение од скопјани и потсети дека помалку од еден месец е на функцијата градоначалник.
– Во текот на вчерашниот ден кажав уште малку трпение како град и како институции, набргу ќе излеземе со целосна анализа за состојбата во „Дрисла“ – рече Шилегов.