Шкотите пишуваат историја: Вечерва „пука“ Обединетото Кралство? (Видео)


Историскиот референдум за отцепување на Шкотска привршува, но резултатите уште се неизвесни. Сепак, сопствениците на хотелите, пабовите и рестораните веќе организираат прослави, додека улиците на Единбург се полни со туристи и новинари.skotska slavi

Според првичните информации, шкотските стопанственици секако имаат причина за прослава, без разлика на исходот од референдумот. Само денешниот ден им донесе фантастични туристички приходи, а илјадници туристи купуваат виски, сувенири и традиционална карирана шкотска ткаенина.

„Ова е неверојатно! Се е преполно – едноставно врие! Никогаш не сум доживеал вакво нешто“, вели претседателот на Градскиот совет на Единбург Ендрју Бернс.skotska2

Првите резултатитер од референдумот треба да бидат објавени уште вечерва, додека официјалните во текот на утрешниот ден. Шкотските граѓани одлучуваат дали се за отцепување или за останување во рамките на Велика Британија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1