Шок бомби на протестот во Солун против Договорот од Преспа


Најмалку едно лице е приведено, а неколку лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради солзавецот за време на инцидентите на протестот во Солун против Договорот од Преспа, пренесуваат локалните медиуми.

Судирот меѓу демонстрантите и полицијата започна кусо пред 20 часот по локално време, а со прекини трае околу час и половина.

Според локалните медиуми, мала група маскирани лица ја нападнала полицијата со камења и предмети, на што специјалните полициски сили одговорија со шок бомби и солзавец. Страстите се смирија, протестот продолжи, но инцидентите се повторија неколку пати. Маскирани лица континуирано ја напаѓаа полицијата, кој одговараше до солзавец и шок бомби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1