Адолф Хитлер, човекот кој наредил убиство на милиони Евреи, бил во врска со жена која можеби имала еврејско потекло
Кога извршиле самоубиство во бункерот пред крајот на Втората светска војна, Ева Браун била љубовница на Хитлер цели 12 години и негова сопруга нешто повеќе од 40 часа.
И покрај тоа што се познавале многу долго, изгледа дека таа чувала круцијална семејна тајна од фирерот. Човекот кој наредил убивање на милиони Евреи, бил во врска со жена која можеби имала еврејско потекло.
Ева во главно времето го минувала повлечена во неговата резиденција на Алпите, каде што била пронајдена женска четка за коса, за која се претпоставува дека била нејзина.
Со ДНК анализата на косата од четката било утврдено дека од страната на нејзината мајка постои еврејско потекло, односно дека потеклото води до групата Ашкенази, од каде потекло имаат 80% од Евреите.
Истражувањето било направено за емисијата “ДНК на славните покојници”, која ќе се емитува во среда. Водителот Марк Еванс по повод оваа емисија изјавил дека никогаш не сонувал дека ќе пронајде нешто вакво.
Иако научниците се сигурни дека станува збор за четка на коса која и припаѓала на Ева Браун, првенствено поради нејзините иницијали кои биле пронајдени на истата, за официјални резултати ќе треба да ги тестираат и нејзините наследници, но тоа го одбиле, па така потеклото на Ева Браун би можело засекогаш да остане мистерија.