Додека се шетале на црвениот килим, славниот холивудски актер Кевин Костнер (59 ) и неговата ќерка Лили (28) на премиерата на драмата „Black and white“ во Рим, Оскаровецот и неговата миленичка се држеле за раце, а блицевите на фотоапаратите не престанувале да светкаат кога во еден момент таткото и ќерката се бакнале во уста.
Русокосата Лили која исто така е актерка, е едно од трите деца кои Костнер ги има со поранешната сопруга Синди Костнер, од вкупно седумте деца на познатиот Оскаровец.