Гледачите на „Големиот брат“ беа шокирани кога во директен пренос гледаа како манекенката се бори за живот откако падна во анафилактички шок по каснувањето на пчела!
Несреќната Џенис Дикинсон во британсаката верзија на шоуто „Големиот брат“ едвај преживеа откако ја покажа раката за која е касната и побара инјекција епинефрин. Неколку секунди подоцна падна на подот тресејќи се, а продукцијата доби жестоки критики што сето ова го прикажа во живо.