„Шок“ во Грција: Ксидакис ја нарекол нашата земја Македонија


„Шок: Ксидакис го нарече Скопје со името Македонија“, со вакви наслови денеска се огласија неколку грчки портали и онлајн изданија на некои медиуми коментирајќи изјава на грчкиот заменик-министер за надворешни работи задолжен за европски прашања Никос Ксидакис.ksidakis-grcija-640x294

Според грчките медиуми, Ксидакис дал интервју за словачкиот весник „Правда“ во врска со кризата со мигрантите и бегалците, во кое нашата земја ја нарекол Македонија. „Загрижените“ портали коментираат дека тој бил толку многу задоволен со интервјуто, што го објавил и на неговата Интернет страница.

„Никој ли не се прашува зошто заменикот министер за европски прашања избра во овој момент да го усвои терминот Македонија. Очигледно никој не ‘забележува’ што се случува“, коментираат грчките портали.

Тие се прашуваат дали министерот е информиран за заедничката одлука на советот на политички лидери на Грција за сложено име со географска одредница и за јасно искажаниот став на премиерот Алексис Ципрас и шефот на дипломатијата Никос Коѕиас за „именувањето“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1