Младите жени од Јазидите киндапирани од страна на екстремистите на ИД се толку очајни што ги молат борците да ги бомбардираат за да им ги скратат маките.
Тие младите жени од Јазидите ги киднапираат од нивните домови најчесто со цел да ги продадат како сексуални робинки. Една од нив им се обратила на Курдските борци молејќи ги да го бомбардираат борделот во кој ги чуваат.
Девојката се наоѓа негде во западниот дел на Ирак, а ја киднапирале за време на бруталниот масакар на планината Синџар во август.
Девојката изјавила дека била силувана толку многу пати што не може да изврши нормално мала нужда од болка, открила и дека планира да се самоубие, па дури и доколку ја ослободат. Искуството на овие девојки го прераскажуваат курдските активисти кои овие информации ги пренеле и до Курдските борци.
-Ве молам бомбардирајте не. Не постои живот после ова. Денес веќе ме силуваа 30 пати, а уште не е ни ручек време. Не можам да одам по мала нужда, ве молам бомбардирајте не, изјавила девојката упатувајќи ја својата порака кон Курдите, пренесува Daily Mail.