Шокантни тврдења за смртта на Салопек


Хрватот Томислав Салопек бил киднапиран и погубен од групата Џамат ал Суна, терористичка организација поврзана со Исламската Држава, пишува српски Курир.

Овие и неколку досега необјавени информации во јавноста, на својот портал ги објавила саудиската сателитска телевизија Ал Арабија, чии новинари разговарале со високи претставници на египетската војска и министерството за внатрешни работи.salopek

Тие дознале дека терористите имале помагачи во француската компанија ЦГГ каде работел Салопек. Шпиуните им дојавиле на киднаперите за времето и маршрутата по која требало да дојде хрватот. Се испоставило дека само Салопек немал придружба и заштита, додека сите во компанијата биле обезбедени.

Киднапирањето било нарачано од ИД од полуостровот Синај, а самото киднапирање го спровела групата Џамат Ансар ал Суна, кои соработуваат со ИСИЛ. Ова го потврдиле и египетските експерти за безбедност, велејќи дека џелатите на ИСИЛ секогаш биле во црно, а жртвите во портокалово комбинезони. Убиецот на Салопек носел маскирно одело, а самиот Салопек носел излитен работнички комбинезон. Знамето на ИСИЛ било поставено само за да ги залаже властите.Tomislav-Salopek-2

Киднаперите дошле од Либија, го киднапирале Салопек, го однеле во Либија и го погубиле. Доказ за тоа, велат експертите, е многу ситниот песок во пустината на сликата, кој го има само во Либија. Додаваат дека, ако терористите навистина сакале размена или откуп, не би чекале толку долго за да ја пуштат видео снимката. Понатаму, во затворите немало жена припадничка на ИСИЛ, која сакале да биде ослободен, ниту пак доставиле листа со имиња на затвореници кои треба да бидат ослободени.

Каиро го известил Загреб дека Томислав е префрлен во Либија еден ден пред да биде објавена фотографијата со неговото тело. Извори од египетските министерства тврдат дека ваков исход му одговара на Египет. Цел свет виде дека се бори против терористите и веднаш доби осум амерички борбени авиони Ф-16, а претседателот Ал Сиси ја доби поддршката од САД и ЕУ, кои до вчера го критикуваа дека бил диктатор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1