Шокантно: Мајка го продава синот на улица за да ја излечи ќерката (Фото)


Тажна вест од Кина, Мајка излегла на улица и го продава својот син на аукција со цел да се соберат доволно пари за лечењето на сестра близначка на детето.majka deca

На шокантните фотографии се гледа како мајката стои на улицата во Кингда во провинцијата Шандонг и покрај синот држи плакат на кои пишува дека детето ќе биде продадено на оној кој ќе понуди највисока цена, пишува „Мирор“.

Мајката изјави дека таа и нејзиниот сопруг ги сакаат и двете деца но дека ќерката ја чека сигурна смрт доколку не се најдат пари за нејзиното лечење.PAY-Mum-Meng-Xiangyan-has-gone deca

Мајката Мен Ксианг изјави: „До пред година дена бевме среќно семејство но сега се се промени откако дознавме дека нашата ќерка боледува од леукемија. Веќе ги потрошивме сите пари кои ги имавме, позајмивме и од пријатели и роднини и се уште не е доволно“.

Семејството  го продало и станот во кои живееле и сега живеат во “стан“ од десет квадрати во  близина на болницата каде девојчето оди на терапија.

Сличен случај во Киба е забележан неодамна кога една жена ја продавала својата ќерка со цел да го исплати долгот кон болницата од 10.000 долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1