Шон Пен проговори за средбата со Ел Чапо


Додека луѓето на Ел Чапо ме опкружуваа, застанав зад дрво за да се олеснам и помислив колку лесно може да ми го отсечат пенисот само кога би сакале. Со овие зборови холивудската ѕвезда Шон Пен ja опишува паниката која го фатила за време на интервјуто со озлогласениот нарко бос. Во текстот за Ролингстоун признава дека се плашел нешто да не тргне во погрешен правец.elcapo

– Штом слетавме на тајна локација во Мексико, проработе паранојата. Гледав во небото барајќи хеликоптери и се вртев за да видам дали некој ме држи на нишан, наведува актерот. Тој бил особено загрижен поради фактот дека Хоакин Гузман викан Ел Чапо не зборувал англиски.

– Се плашев дека ќе дојде до недоразбирање. Човекот кој води милионско царство на дрога во 50 држави не знае ниту збор англиски а јас на шпански едвај знам да кажам нешто повеќе од „адиос“, вели Пен.

Неговата комуникација со водачот на картелот Синалоа значително ја олеснила мексиканската актерка Кејт дел Кастиљо која го договорила интервјуто. Убавицата се нашла под истрага на мексиканската полиција поради врските со Чапо, а иста судбина имал и Шон Пен кој ќе мора да одговори на прашањата на истражителите.el capo i son pen

Сепак, се чини дека славниот актер не е загрижен. Тој е снимен како опуштено разговара со поранешниот сопруг на Мадона на добротворна вечера.

Хоакин – Ел Чапо Гузман, во меѓувреме е вратен во затворот Алтиплано каде во јули минатата година побегна низ подземен тунел.

Граѓаните кои живеат во близина стравуваат дека неговото повторно апсење ќе резултира со бран насилства бидејќи многу го сметаат за херој. Вчера медиумите објавија дека полицијата за време на апсењето додека чекале засилување го внеле врзаниот нарко бос во најблиската зграда-мотел полн со сексуални помагала, кој служел како бордел. За време на полициската акција биле убиени повеќе луѓе на Ел Чапо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1