Во едно гастарбајтерско село во близина на Неготин како први соседи живеат татко и син. Синот има деца и неговиот татко, од вториот брак, исто така има деца, а децата на синот и децата на дедото се родени браќа и сестри!
– Всушност, полубраќа и полусестри, поправа мештанин, кој ја раскажува приказната.
– Браќа се по мајка, имаат иста мајка.
Се започнало пред неколку години кога синот се оженил и во куќата ја довел сопругата. Свадбата, велат, била голема и богата, права гастарбајтерска. Неколку месеци по свадбата снаата се породила, родила момче, а набрзо потоа мажот заминал на печалба, а планирал да ги повлече кога ќе пркне детето.
Е тука доаѓа заплетот како во сапуница:
– Додека мажот беше во странство, снаата се зближила со свекорот. Дали поради осаменост, дали поради нешто друго, тој однос прерасна во нешто трето. По селото почна да се зборува дека се во врска, но ретко кој веруваше во таа приказна. Арно ама набрзо жената поднесе барање за развод и јавно почна да живее со свекорот. Кога слушна синот, се врати од странство.
Едноставно, му кажала дека не го сака и дека е вљубена во татко му. Триста чуда се случуваа. Таткото и синот се караа, се колнеа, се закануваа, ама жената не се откажа и на крајот се разведе од мажот и се омажи за свекорот.
Синот се врати во странство, а детето го остави да живее со баба си, мајката на татко му, за кога ќе потпорасне да си го земе во странство.