Шпански градоначалник со прекар “Робин Худ” – крадел храна за сиромашните


Градоначалникот на шпански град Marinalede, на кој граѓаните му го дадоа прекарот Робин Худ поради тоа што организирал кражби на храна по продавници и им ја делел на сиромашните, оваа недела пеш ќе тргне на турнеја во Андалузија, за да ги убеди и  другите локални лидери да се спротивстават на владините мерки за штедење.


Хуан Мануел Санчез Гордиљо, член на регионалниот парламент и градоначалник на еден мал град во Andalusia, кој го сочинуваат 2645 жители, изјави дека храната која минатата недела е одземена од продавниците е дистрибуирана до семејства кои се најтешко погодени од економската криза во Шпанија, пренесува Ројтерс.

Поради вмешаност во две кражби во мини-маркети, до сега се уапсени седум лица. Тие биле забележани како полнат два автомобили со храна и истите не платиле за земените производи. Педесет и девет годишниот градочаналник пак, бил забележан како стои во предниот дел на маркетот.
Хуан Мануел Санчез Гордиљо тврди дека би бил пресреќен ако му биде одземен политичкиот имунитет кој го ужива како  член на парламентот и ако биде уапсен.

– Има луѓе кои немаат доволно храна. Во 21 век, тоа е апсолутен срам , изјави Санчез за Ројтерс.
Конзервативната влада на Шпанија го обвини Санчез, дека со таквото однесување тој сака само да добие публицитет. Според нив, еден функционер не смее така да се однесува.
– Вие не можете да бидете и Робин Худ и шерифот од Нотингам,  изјави портпаролот на владејачката Народната демократска партија во националниот парламент.

Andalucia е една од провинциите кои се најтешко погодени од економската криза во Шпанија, бидејќи секој трети жител е невработен.

Санчез Гордиљо за време на турнејата во андалузиските градови, ќе се обиде да ги убеди своите колеги да престанат да ги плаќаат долговите, да запрат отпуштањата од работните места , како и повеќе да не дозволуваат извршувања на судските налози за иселување и да ги игнорираат барањата на централната власт за заштедите на буџетот.

Tags: , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1