Жолчката од јајцето – штетна за артериите


Холестеролот во жолчката од јајцето може да има исто негативно влијание за крвните садови (артерии) како и димот од цигарите. Ова се разултатите од последното истражување кое го спроведе група канадски научници, а беа објавени во спiсанието “Atherosclerosis“.

Жолчката која е богата со незаситени масни киселини “омега-3“, витамини и антиоксиданси и за да би имала нутритивна вредност, би требало да се внесува во многу мали количини, затоа што покрај сите корисни состојки, жолчката содржи и многу холестерол.

Научниците дошле до резултатите за штетноста на жолчката со мерење на ехографија. Кај 1.200 пациенти, постари од 61 година научниците ги мереле маснотиите и ќелиите кои прогресивно ги уништуваат артериите во каротидната артерија (довод на крв до вратот),  а истите може да се откачат, да предизвикаат блокирање на миокардот или пак мозочен удар.

Научниците забележале дека формирањето на тие наслаги посебно се забрзува по 40-та година кај лица кои редовно јадат јајца (жолчки). Во многу сериозна состојба биле оние кои јадат жолчка повеќе од три пати во неделата.

Share Button

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1