Фудбалските ѕвезди што ги гледавме на ТВ цела година вечерва ќе пристигнат во Скопје за квалификацискиот дуел што ќе се одигра во недела на Филип Втори (20.45) и ќе бидат сместени во хотел Мериот.
Во сабота во 20ч е планирана прес конференција на Филип Втори а потоа и тренинг на црвената фурија.
Шпанија во Скопје пристигнува во најсилниот состав со Де Хеа, Коста, Силва, Мората…
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ШПАНИЈА
Голмани: Давид де Хеа (Манчестер Јунајтед), Кепа (Атлетик Билбао), Пепе Реина (Наполи)
Одбрана: Жорди Алба, Жерард Пике, Серхи Роберто (Барселона), Дани Карвахал, Начо, Серхио Рамос (Реал Мадрид), Цезар Аспиликуета (Челзи), Начо Монреал (Арсенал)
Среден ред: Марко Асенсио, Иско (Реал Мадрид), Серхио Бускетс, Андрес Иниеста (Барселона), Тиаго Алкантара (Баерн Минхен), Асиер Иљараменди (Реал Сосиедад), Коке (Атлетико Мадрид), Педро (Челзи), Давид Силва (Манчестер Сити), Витоло (Севиља)
Напад: Јаго Аспас (Селта Виго), Диего Коста (Челзи), Жерард Делофеу (Милан), Алваро Мората (Реал Мадрид).