Со одлука на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, општинската администрација од вчера има ново работно време.
Администрацијата ќе започнува и ќе завршува половина час порано. Наместо од 7.30 до 15.30 часот, администрацијата ќе работи од 7 часот наутро до 15 часот.
Овој режим на работно време ќе биде на важност се до евентуално нова одлука на градоначалникот.