Штипјанец осум години виси по облакодерите по светот


Потребни се големо внимание и концентрација, зашто да се работи на височини од 50, 100 или 200 метри не е лесно. Една грешка може да те чини живот. Имаме две јажиња. Едното е главна линија, на која е малата дрвена клупичка на која седите додека работите, а второто јаже е резервната безбедносна линија, во случај првата да откаже. Нешто слично како со падобраните. Ако не се отвори главниот, имате резервен падобран, а двата, за среќа, многу ретко затајуваат.cisti prozori

Вака ја опишува својата несекојдневна професија 29-годишниот штипјанец Бојан Kукушов, пишува Дневник.

Пред 11 години, по завршувањето на штипската гимназија, почнал да студира меѓународни односи во Благоевград. Ислушал и трета година на факултетот за дипломатија, но тогаш прекинал – поради облакодерите во Чикаго! Оттогаш осум години се грижи за одржувањето на стаклените површини на висококатниците – првите четири во Чикаго, САД, а вторите четири во Хрватска.

D2EB9E7D174BB84F87F14635C901DCF4Бојан истакнува дека во осумгодишната работа немал доживеано ни најмала несреќа, а најтешко му било да работи зиме и на ниски температури на облакодерите во Чикаго.

– Сме работеле и на минус 15 степени. Во водата стававме чист алкохол, за да не замрзне на стаклата. Ако паѓа снег може јажето да се натопи, да замрзне и да се скине, па треба многу да се внимава и благовремено да се реагира. На ветар посилен од десет километри на час не се работи. Kога висите на големи височини сте многу лесен, па ветерот може да ве оддува – раскажува Бојан.

Целата сторија ОВДЕ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1