Триесет и девет годишниот М.И. од Скопје преживел вистинска драма вчера попладнето откако штипјанец му се заканил со пушка.
Инцидентот се случил на улицата „Јани Лукровски“ додека скопјанецот заедно со негов пријател бил во автомобил „Пасат“. Истиот дал знак за вклучување во сообраќај, по што штипјанецот кој со своето возило бил пред него, излегол од истото, почнал да се заканува и вперил пушка – пумпарица кон автомобилот на М.И., па заминал.
По пријава на случајот во полиција, „Алфите“ го пронашле и привеле 34-годишниот штипјанец Б.М., на кого по целосно расчистувае на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.