Хорор во САД: Петточлено семејство најдено мртво на нивниот луксузен имот


Петочлено семејство кое вклучува маж, жена и три деца се најдени мртви откако со денови никој од нив не се појавил во јавност, пишува британски Мирор.

Полицијата била повикана откако никој од нив не бил виден во изминатите неколку дена, а ниту едно од децата не се појавиле во училиште. Брајан и Карен Шорт, како и нивните три деца, се најдени на нивниот луксузен имот во близина на Минеаполис, во американската сојузна држава Минесота.Screenshot_60

Полицијата засега се сомнева дека станува збор за тоа како некој од членовите на семејството со огнено оружје ги убил останатите, а потоа си пресудил и на себеси, но повеќе детали засега не се изнесуваат.

Смртта ја потврди и компанијата нa Брајан на нивната веб страна.

-Нема лесен начин да се каже ова. Штотуку дознавме дека Брајан и неговото семејство починале. Вестите велат дека се работи за убиство и самоубиство, но ова не е потврдено од страна на властите и никакви детали се уште не се пуштени во јавност. Без оглед кои се деталите, резултатот е ист…трагична загуба за семејството, пријателите, соработниците и медицинската заедница, пишува на страната на компанијата на Брајан  allnurses.com.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1