Штипјанец викнал погребално за живата жена – да не умре додека е завеано за секој случај (Фото)


88 годишен старец од село Драгоево викнал погребално да дојде во неговиот дом за да направат подготовки за погреб на неговата сопруга.

Како што јави дописникот на Канал 5 службите го примиле повикот, ги алармирале и од Здравствениот дом од Штип и отишле на адресата. Се запрепастиле кога виделе дека жената е жива.

Старецот Милан Гошев им рекол да му дадат и посмртница за жената, за секој случај да не умре, а патот да е непрооден до селото. Бабата лежела во постела и го чекала судниот час, зошто некои од комшиите и рекол дека со нејзината болест ќе умре за 7 дена, а седмиот ден истекувал денеска па бабата чека.

Милан не сакал да ризикува и сакал се да биде подготвено, дури им велел на лекарите посмртницата да била непотпишана се до моментот кога душата на бабата не го напушти овој свет.

бабата и дедото биле убедени дека кај и да е иде судниот час, а доказ биле и картонските кутии преполни со нивни алишта, за кои старецот ги замолил гостите да ги дадат во хуманитарни цели.

Поминале повеќе часови во лекарско убедување дека такво нешто засега нема да се случи. Гошев посмртница не добил, но и двајцата ја добиле потребната лекарска терапија.

Извор – Канал 5

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1