Постапувајќи спротивно од полномошното на својот клиент, по извршената продажба на куќата на клиентот, присвоил 12.000 евра. СВР Штип до Основното јавно обвинителство поднесе две кривични пријави против адвокатот Н.Н., поради сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и измама.
На 17 февруари оваа година, со намера да присвои имотна корист, во елетронската пошта до осигурителната компанија Инсиг – Македонија АД Скопје, наместо трансакционата сметка на клиентот кој што го застапувал во судски спор за сообраќајна незгода, ја приложил својата лична трансакциска сметка, при што му биле исплатени 1.163.179 денари.