Што ако сите хороскопски знаци живеат заедно – еве што ќе се случи


Додека Јарецот постојано го исклучува бојлерот и штеди електрична енергија, Вагата и Лавот се караат за огледалото. Девицата цеди свежи сокови, а Близнакот постојано нешто губи, додека Рибата спие

horoskopВиртуелната шега напишана од непознат автор, која кружи на интернет, на духовит начин открива каков би бил животот, ако сите 12 претставници на хороскопските знаци се спојат едно утро во ист стан…

06.00 часот: Јарецот станува и го исклучува бојлерот-истекол терминот за евтина струја.

06.20 часот: Водолијата заминува на утринско трчање.

06.30 часот: Вагата и Лавот, пред огледалото се караат за хидратантна крема и гел за коса.

06.40 часот: Бикот појадува „Нутела“ со супена лажица.

06.45 часот: Стрелецот станува и повторно го вклучува бојлерот.

07.00 часот: Ракот прави сендвичи, Девицата цеди сокови од свежо овошје. Близнакот се уште е во кревет, со телефонот во рака каде проверува и-меил, Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

07.05 часот: Шкорпијата ја крши вратата од тоалетот- Вагат излегува смртно навредена со несесер во рацете.

07.10 часот: Овенот станува и вклучува штоперица.

07.11 часот и 45 секунди: Овенот истуширан, облечен, поздравува од скалите. Ја исклучува штоперицата.

07.15 часот: Бикот со лажицата гребе по теглата. Нема повеќе „Нутела“.

07.20 часот: Вагата и Лавот имаат повторно расправија пред огледалото, последна проверка на изгледот и воодушевување на самите себе пред заминување.

07.30 часот: Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

07.40 часот: Сите заминуваат.

07.45 часот: Близнакот се враќа, заборавил еден од трите телефони.

07.50 часот: Близнакот повторно се враќа, го заборавил паричникот.

08.00 часот: Рибата се буди и сваќа дека ја заклучиле во станот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1