Португалски ракопис од 16 век на кој е нацртано животно кое наликува на кенгур може да биде нов доказ сека португалските истражувачи го откриле овој континент пред првото забележано укотвување на Европејците во 1606 година.
Во овој ракопис кој датира измежу 1580 и 1620 година, во една од украсеите иницијали прикажано е животно кое наликува на мал кенгур. Ако навитна е во прашање кенгур, тоа би моело да ја замени историјата на Австралија, бидејќи би значело дека потругалските истражувачи биле тука пред холандскиот морепловец Вилијам Јансон, кој официјално овој континент го открил во 1606 година.
Документот претставува текст придружуван со музика за богослужење и неодамна стигна со една њујоршка галерија која го процени на 15.000 долари.
Истражувач од галеријата тврди дека кенгурот или валабито кое е рано внесен во ракописот претставува доказ дека уметникот бил во Австралија или пак дека цртежите од тамошните животни кои ги донеле патниците можеле да се најдат и во Португалија, што пак би било уште поинтересно.
Доктор Мартин Вудс од Австралијанската национална билблиотека, пак, смета дека во прашање може да биде и друго животно од југоисточна Азија, како на пример некој вид на мала срна која се држи на задните нозе.