Британскиот принц Џорџ го прослави својот втор роденден, а веќе оставил печат во јавноста за грижлив брат, магнет за камерите и моден пример. По повод неговиот втор роденден Кенсингтонската палата објави и нова официјална фотографија од принцот Џорџ, првото дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.
Неговиот роденден ќе биде прославен во нивниот дом на имотот Сендрингам на кралицата Елизабета Втора.
Џорџ кој е трет по ред за наследство на британскиот трон привлекол огромно медиумско внимание од раѓањето на 22 јули 2013 година.
Сепак Кејт и Вилијам се обидуваат што повеќе да ги заштитат своите деца од јавноста и многу малку објавуваат нивни фотографии. Од друга страна британците издале и посебна едиција на ковани пари од пет фунти по повод роденденот на малиот принц, на кои Свети Ѓорѓи убица змеј.