Тешко повредено дете во сообраќајка


Четиринаесет годишниот Д.П од Богданци е тешко повредено во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи  во 16.50 часот на обиколниот пат кон населбата „Карпош“ во Куманово, информираа денеска од кумановската полиција.soobrakajka-trkalo500

Момчето е пренесно во кумановската болница и поради сериозноста на повредите пренесен е во скопскиот клинички центар.

Како што соопштија од СВР Куманово во момчето удрил автомобил „мерцедес“ со кумановски регистарски таблици, управуван од 36 годишната Г.С од Куманово.

Несреќата, информираше портпаролот на СВР Куманово,Валентина Николовска, се случила кога и автомобилот и пешакот се движеле по десната коловозна лента на патот. На момчето му паднала топката која ја носел во раце и тоа се стрчало по неа. Во тој момент на обиколниот пат се движел и „мерцедесот“ кој удрил во пешакот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1