Што е ,,црното,, во лебот – Инспекцијата и Жито Лукс се вклучиле во откривање (Фото)


Скопјанката Слободанка. Ф која купила бел леб од Жито Лукс  а во него пронајде црна материја случајот го пријавила до инспекцијата во агенцијата за храна. Како што таа изјави за MKnews пријатно е изненадена од експресната реакција на инспекцијата која веднаш постапила по случајот. Изненадена е и од односот на компанијата ,,Жито Лукс„ кој не само што побарале од неа информации во врска со инцидентот туку и лично ја прошетале низ фабриката и погоните за да ја уверат дека Жито Лукс се грижи за квалитетот на производите. Еве што таа вели agencija za hrana zito luks

,, Пријатно сум изненадена што ме контактираа од Жито Лукс уште во текот на вчерашниот ден. Ме поканија и јас прифатив и попладнето бев во нивната фабрика. Со мене носев и дел од лебот на кои јасно се гледаа црните дамки. Ме пречекаа неколку љубезни одговорни лица од производството и контрола на производите. И тие беа изненадени од тоа што го гледаат. Уште од мојот прв контакт со вашиот сајт и објавата на текстот тие веднаш го провериле целото производство, вчера на работа биле далеку пред почнувањето на нивното работно време. Ме запознаа со нивната работа и со стандардите на кои се придржуваат затоа што во нивна корист е да ги почитуваат во целост.

И покрај тоа што им кажав дека сум пријавила во Агенцијата за храна, воопшто не ми замерија, и рекоа дека секој има право на тоа, а тие веднаш штом ќе имаат некоја информација ќе ме известат. Го поздравувам тимот со кои бев денеска и им посакувам успех во работата, а за нивниот одговор во врска со овој инцидент ќе Ве информирам секако,, Вели Слободанка. Screenshot_23

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1