Што кажуваат ѕвездите: За кого ќе има работа во 2014?


Овен
Заштедете пари во првата половина на годината. Потрудете се да не земате кредити, да не позајмувате пари од други. Доколку морате, ќе биде тоа повеќе штета отколку полза. Пазете со кого почнувате нова соработка, барем до јули бидете претпазливи во врска со нови деловни партнери. Немојте да им верувате на сите, особено бидете претпазливи при потпишувањето на некои документи.

rabota2Бик
Доста проблеми може да имате на работата, доколку не се договарате за се со соработниците. Тој период трае до крајот на јули 2014. Немојте со сите да разговарате за се, затоа што некој може битните информации да ги злоупотреби. Во секој случај, бидете претпазливи во комуникацијата со другите, без оглед на тоа дали веќе работите или само барате работа.

Близнаци
Од март до јули 2014 ќе бидете задоволни со приливот на пари, но сепак потрудете се нешто и да заштедите. Во февруари не започнувајте ништо ново, затоа што тоа не е период за почетоци. Почекајте ја пролетта. Ве очекуваат доста патувања или деловни контакти со странство, искористете го тоа.

Рак
Добрите деловни аспекти ќе траат до јуни, искористете ги за да напредувате на сегашната работа, или ако сакате да почнете да работите нешто ново. Бидете позитивни и немојте да се нервирате за тоа што немате време за одмор. Оваа година Ви е поволна и за обновување на контактите со семејството, за реновирање и преуредување на животниот или деловниот простор. До јули, немојте да почнувате никаква нова работа.

Лав
Конечно помалку проблеми во врска со парите, но пазете што потпишувате во текот на првата половина од годината. Гледајте сите сметки и обврски да ги плаќате на време, немојте да бидете неодговорни. Средете си ја куќата. Реновирајте и вложувајте во животниот или работниот простор. Од јули ќе се чувствувате подобро и со поголем елан, што ќе Ви олесни да остварите некои желби и деловни планови. Само не се откажувајте. При крајот на годината не започнувајте нови работи, туку завршувајте го сето она што дотогаш не сте стигнале да го направите.

Девица
Бидете оптимист. Оваа година ќе имате малку повеќе трошоци од претходната, но со рационално трошење тоа нема премногу да го почувствувате. Потрудете се од март до август 2014 да не влегувате во нови работи, стагнирајте и чекајте подобар период. Пазете на роковите. Во првата половина на годината ќе имате повеќе работа од вообичаено, но од јули ќе има помалку обврски и ќе Ви биде полесно. Не ги мешајте емоциите во работата.

Вага
И натаму траат тешкотиите со парите. Потрудете се до август 2014 барем нешто да заштедите. Бидете позитивни, најдете начин да ја намалите нервозата кој веќе подолго време ја чувствувате. Не се расправајте со партнерот и со членовите на семејството околу парите. Тоа нема да Ви го зголеми буџетот, а ќе внесе негативни емоции. Во првата половина на годината очекувајте повеќе работа, но мора добро да се организирате за да стигнете да завршите се’ што сте планирале. Јули не е особено поволен за работа – многу обврски, уште повеќе трошоци. Бидете рационални во се, особено во работата.

Скорпија
Ќе имате многу работа во втората половина на 2014. Наполнете се со позитивна енергија за полесно да ги исполните обврските. Потрудете се да не го расипете сопствениот углед, затоа што од тоа ќе Ви зависи се’ што ќе треба да работите. Пазете кому и што зброрувате во врска со работата и со плановите за оваа година.

Стрелец
Потрудете се да се истакнете на работа. Бидете вредни, не се повлекувајте. Шефовите ќе мора да Ве забележат, а Вие помогнете им во тоа. Не се нервирајте околу парите, туку рационално распоредете ги трошоците. Насочете се кон иднината, бидете амбициозни. Не претерувајте во трошењето, најдете начин малку да заштедите – не знаете што носи утре. Патувањата, кои толку многу ги сакате, Ве чекаат во втората половина на годината, и деловните и оние приватните.

Јарец
Немојте премногу да трошите пари, особено не од јули 2014. Пазете да не Ве понесат доброто расположение и оптимизмот и немојте да влетувате во нови работи кои не се најсигурни. Сега не е време за нови деловни почетоци, дури и кога Ви се чини дека е спротивно. Бидете реални во плановите и се два пати „измерете“.

Водолија
Потрудете се да се насочите на работата, што повеќе да работите до јуни. За приватниот живот размислувајте дури во средината на летото 2014. Дотогаш бидете сериозни и организирани што се однесува до работата и искористете го периодот кој е поволен за нови работи и нови контакти. Потрудете се да бидете позитивни, но и подготвени за убави спонтани настани. Патувањата ќе Ви донесат добри деловни прилики, но и забава. Запишете некој курс, учете, ова е добра година за тоа.

Риби
Во првата половина на годината посветете се на себе, а од јули 2014 планирајте нови работи, проекти, контакти. Штедете пари за нови вложувања, но добро прверете ја секоја сума во врска со новата работа. Секој план мора до ситница да биде разработен и прецизно дефиниран за успешно да Ви се оствари.

mondo.rs/Astroantares.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1