Што ќе јадеме за 20 години?


Цената на месото би можела да се удвои во наредните десет години и ќе стане луксузна роба, предвидуваат футурулозите. Што ќе јадеме тогаш?

Инсекти

Инсекти, или како што ја нарекуваат мини стока, во иднина ќе стане главно јадење во нашата исхрана. Инсектите имааат иста нутритивна вредност, како и обичното месо и е одличен извор на протеини, судејќи според истражувачите на Униерзитетот Вагенинген во Холандија.
Инсектите е полесно да се прехранат, отколку стоката. Конзумираат многу помалку вода. Плус постојат околу 1400 врсти на инсекти, кои што човекот може да ги јаде.
Футурологот Морган Гај тврди дека хамбургерите и колбасиците од инсекти би биле слични на оние направени од регуларното месо.
„Инсекти, како што се скакулците, ќе бидат смелени и ќе бидат додадени како состојќи во хамбургерот и колбасиците“, тврди Гај.
Холандската влада веќе започна со вложување во фарми за инсекти, како навремено би ги вовела во секојдневната исхрана на луѓето. Голем дел од човековата популација, денес секојдневно конзумира инсекти. Пеперутките се популарни во Африка, осите се деликатес во Јапонија, а црвите секојдневно се подготвуваат на Тајланд.

Храна унапредена со сочни звучни бранови

Познато е, и докментирано дека изгледот и мирисот на храната влијае на вкусот, но, влијанието на звукот претставува сосема ново поле кое допрва треба да биде истражено. Неодамна спроведената судија на Универзитетот Оксфорд, покажала како одреден ниво на звучни тонови, можат храната да ја направат слатка или горчлива.
Студијата која ја спроведе Чарлс Спенс, професот по експриментална психологија, покажала дека е можно да се прилагодува вкусот на храната според сочните карактеристики на звуковите кои се наоѓаат во задниот дел на мозокот.
„Се уште не сме сигурни што се случува во мозокот, но нешто се случува и доста сме возбудени што ќе имаме можност да дознаеме за што се работи“, изјави Чарлс.
Шеф Хестон Блументал, во минатото експриментирал со комбинирани звуци и храна, а во неговиот ресторан, Фат Дук, беше возможно да се проучи јадењето „Звук на морето“, кое е сервирано со мобилен „iPod“, кој пушта звукови на море. Овие звукови наводно храната ја правеле посвежа.
Меѓутоа, во развојот постојат бројни начини кои оваа технологија можат да ја направат доста значајна, поради можноста храната да ја направат поздрава.
„Знаеме дека одредени фреквеннции можат да ја направат храната поздрава, што значи дека би можеле да го намалиме количеството на шеќер во јадењето“, изјави Расел Џоунс, еден од истражувачите.
Бројни компании ја користат врската меѓу звукот и храната. Така една компанија го промени материјалот од кој се прават ќесичките за чипс, како истата би имала покрцкав звук со самото отворање, што довело до тоа, на луѓето и самиот чипс да им биде покрцкав.

Месо од лабораторија

Почетокот на оваа година, научниците од Холандија успешно создадоа вештачко месо, со кое што, според нив би можело да биде одговор за растечката потреба за храна. Сепак таквиот начин не е ниту најмалку евтин. Експертите сметаат дека во тој случај, животните, земјата, водата, енергијата и целата планета би добиле голема корист. Ова вештачко месо се прави со користење на матични ќелии земени од мускулното ткиво на животните.

Алги

И покрај тоа што се наоѓаат на дното на ланецот на исхрана, алгите би можеле да претставуваат решение за секаде каде што има недостиг на храна во светот. Со алгите можат да се хранат и луѓето и животните. Поединци од прехамбрената индустрија сметаат дека фармата на алги наскоро може да стане најголема индустрија, кога е во прашање храната, со оглед на тоа што алгите растат со неверојатна брзина.
Како и инсектите, и алгите би можеле да се воведат во нашата исхрана.
Научниците од Универзитетот во Шефилд користат морска трева како би го замениле лебот во процесуирана храна. Тревата поседува интезивен вкус, но мал процент на сол, на што следува зголемување на крвниот притисок. Истражувачите веруваат дека морската трева можат да ја заменат со бројни производи како што се готовите јадења, колбасиците и сирењето.
На светот постојат преку 10,000 различни врсти на алги, секоја поседува специфичен вкус.

Share Button

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1