Што ли ќе кажат шефовите на ова? Порно филмови најмногу се гледаат во текот на работното време


Верувале или не, порталите за возрасни имаат најголем број посетители во периодот од девет часот наутро до 17 часот попладне, а истражувањата покажале дека поголем број од корисниците на порнографските содржини гледаат од својата канцеларија.

Како што тврдат германските сексолози, од околу 60 милиони еротомани на планетава, колку што секојдневно има посети на еден голем светски порно портал дневно, две третини од нив тоа го прават во текот на работното време и тоа на работното место.

– Во современото живеење сваќањето за порнографијата се промени. Просечен консумент веќе не е некој осамен чудак кој се крие зад којзнае какви чудни мисли. Шеесет милиони посети, од кои две третини се на сметка на компаниите во периодот од 09 – 17 часот, претставува моќен показател на вистинската состојба за нештата, тврдат сексолозите.

Како што покажува статистиката, освен за време кога треба да се работи, луѓето се прикачуваат на порно – сајтовите од дома некаде околу полноќ, но во овој период посетата сепак е многу помала.

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1