Што навистина значи ознаката ,,Употребливо до,, – џабе фрлате исправна храна поради ова


За се се виновни наведените информации кои потрошувачите можат да ги прочитаат на производите, (употребливо до) или (употребливо до крајот)… тоа е формулацијата која очигледно толку ги збунува потрошувачите што во ѓубре ја фрлаат храната која апсолутно е употреблива и на која не и е поминат рокот на траење.

1290146-best-beforeЗа да во иднина ова повеќе не се случува, германскиот министер за земјоделство Кристијан Шмит, на почетокот на оваа недела во Брисел, побара бришење на спорната формулација на низа на долготрајни производи како што е кафето.

Политичарот Хришчанско од социјалната унија од Баварија побарал од Европската комисија да ја спроведе во пракса ваквата мерка до крајот на 2015 година. „Се расфрламе со храна“, изјавил Шмит на состанокот на министри за земјоделство на земјите членки на ЕУ. „Само во Германија во ѓубре се фрлаат единаесет милиони тони намирници“, додал тој. А во цела ЕУ годишно во кантите за ѓубре завршуваат 89 милиони тони храна, пишува во еден документ за кој расправале ресорните министри. За Шмит нема сомнеж, дека една од прчините на фрлањето на храната е фактот што потрошувачите едноставно не сфаќаат што пишува на амбалажата.

Тие мислат дека „употребливо до“… всушност е рокот на траење на некои од производите. Во Германија ваквата формулација која е законита, пропишана е пред 30 години.

Гаранција на квалитетот

Производителите го наведуваат датумот до кој намирниците, под услов да не бидат отворени и да бидат правилно чувани, ќе ги задржат своите специфични особини како вкусот, мирисот, бојата, конзистенцијата или изгледот. Не се работи за рокот на траење на некои од намирниците, туку за гаранцијата за квалитетот на производот.

Европскиот комесар Тонио Борг тврди дека секој втор граѓанин на Европската Унија, воопшто не знае што значи наводот, за ваквата, препорачлива трајност.

„Мораме да ги поедноставиме наводите на датумот и подобро да ги информираме потрошувачите за тоа што тие значат“, побарал Борг на состанокот на министрите за земјоделство во ЕУ. Холандија и Шведска на ниво на ЕУ веќе покренаа иницијатива која оди и чекор понапред. „Навистина е потребно нешто да превземеме“, тврди холандскиот министер за земјоделство Шарон Дијксми.

Меѓу останатото, се планира и отстранување на датумот „употребливо до“ за долготрајните производи како што се кафето или тестенините.

„Дали некогаш сте го фрлиле производот со поминат рок“, прашал реторички баварскиот политичар?. Од Европската комисија побарале пред летната пауза да размислат за корекцијата на постоечките правила.

Ознаките на препорачаниот рок на користење би можеле да бидат укинати до крајот на 2015 година на долготрајните производи како што се кафето или солта. „Употребливо до“ Кога се работи за храната, во начело вреди правилото… што е препорачениот рок е подолг, подолг е и рокот за кој тој производ може да се конзумира без никакви последици за здравјето. Кај производите кај кои тој рок изнесува две недели, храната која е чувана како што треба, може да се конзумира и неколку дена по истекот на тој рок. Кај производите кои меѓу датумот на производство и истекот на таквиот рок има и по неколку месеци, храната може да се конзумира и недели по истекот на наведениот датум.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1