Што работеле македонските ѕвезди пред да станат славни?


Дел од нашите познати личности поминале низ различни професии. Некои од нив работеле како таксисти, шанкери, келнери, во кабинет кај премиерот и слично.

Ѓоко Таневски работел неколку работи пред да ѝ стане познат на домашната јавност.

– Пред приближно 15 години работев сè и сешто. Се пробав и како келнер, работев и како шанкер, но возев и такси. Се снајдов во сите професии што ги имам работено пред многу години. И денеска да морам да го работам тоа, повторно би се вратил на истите професии – вели Таневски.

Аренби-артистот Панчо Шорти вели дека не се срами од ниту една работа. Тој од свои 16 години заработувал за џепарлак.

– Сум работел повеќе работи пред активно да почнам да се занимавам со тоа што денес ми е примарна работа. Работев како менаџер на јуниор-забави и од секоја заработував по 1.500 до 2.000 денари на ден, но тоа и не го сметам за некоја посебна работа, туку како работа која помага за социјализирање и ширење на познанствата. Од 19 до 21 година работев како келнер и шанкер и, верувале или не, тоа ми беше една од најомилените работи. Работа во која има комуникација со луѓе отсекогаш ме правела среќен. Исто така, имам работено и во хотел како рецепционер, и тоа ми беше можеби една од најтешките работи затоа што се чувствував како птица затворена во кафез, но за егзистенција мора сè да се трпи. По таа работа повторно се вратив во угостителството, за по една година да отворам бутик за хип-хоп гардероба – раскажува Панчо.panco-11-640x426

Од 2008 до денес Панчо е активен во музичките води, како член на дуото ДНК.

И другата половина од групата ДНК, Андреј. Пејачот работел како келнер.

– Во 2005 година една сезона работев како келнер на познатата плажа „Сани“ во Грција, а исто така работев и во продукцијата „К-15“ – беше кус во изјавата Андреј.

Фолкерката Анета Наковска е можеби една од естрадните личности што има сменето најмногу професии пред да стане јавна личност.Aneta1-640x358

– Прва работа ми беше во агенција за недвижности, за подоцна да работам во фирмата на моите родители, потоа се пробав и во книговодството, па работев на шанк во кафеана која беше сопственост на моите родители. Подоцна работев и во еден мобилен оператор, прво во правна служба, па во продажен салон, а најдолго се задржав во инфо-центарот. Јас сум за тоа дека човекот треба секогаш чесно да работи. Како што велат возрасните – бадијала работи, бадијала не седи, е и мене ми е тоа мото. Не можам да се замислам да бидам товар на нечиј грб во животот. И на пазар да работам, не би се срамела од тоа – вели Наковска.

Целата статија прочитајте ја на Телеграф.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1