Што се случило со исчезнатата Македонка? – Дениса се бара и во морските води


Се уште никој не знае што се случило со 23 годишната Дениса Маркоска од Прилеп која исчезна од бродот на кој работела две години.

Курир побара информации од МВР од каде не известија дека нејзиниот татко пред два дена пријавил во полиција дека неговата ќерка Дениса Маркоска е исчезната. Како што дознава Курир на нејзниот татко најпрво му се јавил првиот офицер на бродот кој му кажал дека неговата ќерка исчезнала во периодот од 3-5 часот наутро додека биле на отворено море, а бродот се движел од Родос кон Крит.

denisa brodПодоцна таткото добил повик од капетанот на бродот кој му кажал дека за случајот е известена грчката полиција, по што била спроведена истрага, а изјави давале сите членови на екипажот од бродот. Македонската полицијата ја случајот го известила и Интерпол Атина,но засега нема повратен одговор.

Дениса веќе две години работела на бродот Серенисима (Serenissima) кој пловел под руско знамена компанијата Волгодрим и годинава уште еднаш го продолжила договорот за работа на бродот. Набрзо по потпишувањето Маркоска мистериозно исчезнува од бродот.

Од Министерството за надворешни работи за Курир велат дека се во постојан контакт со грчката канцеларија за врски од каде е добиена информација дека потрагата по Дениса е интензивирана.

Младата прилепчанка се бара и во водите на морето. Неофицијално мобилниот телефон и пасошот на Дениса треба да им бидат предадени на семејството, откако ќе бидат испратени по дипломатска пошта.kruzer brod

Како што претходно објавивме, Дениса исчезнала пред четири дена во периодот од 3-5 часот наутро додека бродот бил на отворено море, а се движел од Родос кон Крит. По пристигнувањето во Крит капетанот ја известил полицијата по што започната е потрагата, а земени се изјави од членовите на екипажот на бродот.

Нејзиниот татко на 15-ти случајот го пријавил во прилепската полициска станица каде изјавил дека најпрво му се јавил првиот офицер на бродот, а потоа повик добил и од капетанот на бродот.

Дениса веќе две години работела на бродот Серенисима (Serenissima) кој пловел под руско знамена компанијата Волгодрим и годинава уште еднаш го продолжила договорот за работа на бродот. Набрзо по потпишувањето Маркоска мистериозно исчезнува од бродот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1