Што се случува со времето: Зошто е кај нас пролет а во САД зима каква не виделе – што да очекуваме


Метеоролозите сметаат дека ледениот бран во Америка е резултат на комбинација на силен северен ветер и промена на таканаречениот поларен вртлог. Под тоа се подразбира огромен регион на ладен воздух околу Северниот пол. Климата во тој предел обично ја ограничува и контролира постојаната воздушна струја на истокот.

Klimatic-1

Ладниот воздух на тој начин се движи од Канада преку Гренланд, па потоа во правец до Сибир и преку Аљаска се враќа во Канада. Но, под одредени меторолошки услови тој ладен воздух може да продре длабоко на југ. Во овој случај дошло до контакт меѓу областа на висок атмосферски притисок на западот на Америка и областа на низок притисок на истокот од таа земја. Така настанал силен северен ветер, кој повлекол ладен воздух од Северниот пол кон југот.

Man clears snow from his car in Indianapolis, IndianaВо исто време, воздушната струја предизвикала и ладен бран од Сибир. Во таа комбинација дури и Канаѓаните, кој навикнале на ледената температура, имале големи проблеми. Поларниот студ сега почнува да попушта поради што во поедини делови на Америка продира топол воздух од Мексичкиот залив. Пролет во јануари На другата страна на Атлантикот веќе со недели преовладуваат пролетни температури. Затоа не е случајно што на северната хемисфера се појави волкав контраст.

Ладниот воздух од Америка веќе со недели струи кон Атланскиот океан и таму се загрева. Разликите во температурата создаваат оласт на многу низок воздушен притисок, кој влијае на временските прилики во Европа.

Тоа е причина поради која Велика Британија се соочува со урагани и поплави, но и поради што во Германија е исклучително топло за почетокот на годината. Дали ваквата чудна појава во овој период од годината е поврзана со климатските промени?

5niagrafallНа тоа е тешко да се одговори. На климатолозите им е потребен временски распон од најмалку 30 години за да извлечат каков било заклучок. Всушност, струјата која го контролира воздухот од Северниот пол во последните пет години, сосема сигурно се променува, велат од американската агенција за надгледување на временските прилики NOAA. Тоа може да биде поврзано со промената на климата, но и дел од нормалниот природен циклус. Во секој случај, климатолозите веќе одамна укажуваат на можноста за врска меѓу порастот на температурата на Арктикот и ладниот бран во другите делови од планетата.

Имено, помал леден покривач и помалку снег доведува до загревање на морињата, а ваквата разлика доведува до аномалија на движењето на воздушната струја. Научниците, како Џенифер Франсис од Ратгерс универзитетот или Стивен Ваврус од Универзитетот во Висконсин, сметаат дека тоа е дел од објаснувањето за непредвидливите ладни бранови. Ладното време како последица од глобалното загревање Многу жители на Америка веруваат дека глобалното загревање е измислица, а екстремното заладување на прв поглед го поддржува ваквиот став.

Но, експертите од институтот за истражување на климата во Постдаму, тврдат дека порастот на глобалните температури доведува до уште поголем број на ваквите аномалии, и до уште поголеми варијации на температурите. Северната хемисфера би можела да биде особено загрозена од ледените бранови. Овие истражувачи, кои работат за меѓународните институции, тврдат дека непогодбите, вклучувајќи ги и сушите, ураганите и поплавите, се зголемени за преку 200% во последните 30 години. Научниците од Потсдам сметаат дека тоа е последица на климатските промени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1