Паднал на истото место и истиот ден како и Шумахер (ФОТО)


Данецот Мортен Хојербах е вистински пример дека животот често знае да напише неверојатни прикаски.

Овој 35 годишен пилот на хеликоптер доживеал несреќа на скијање на истото место и истиот ден како и славниот германски Формула 1 возач, Михаел Шумахер.

sumaherЗанимливостите не запираат тука. Мортен е пренесен во истата болница како и Михаел, со ист хеликоптер, а го лекуваат истите доктори како и Германецот. Единствена разлика е тоа што Хојербах не носел кацига за време на несреќата, но и покрај тешките повреди на главата, сега нормално функционира. Хојербах преживела тројна фрактура на главата и добил 50 конци. Исто како и Шумахер бил во вештачка кома во која поминал низ четири операции.

-Требаше да бидам мртов и ова е вистинско чудо. Од ударот во карпата главата ми се скрши на половина, пријателите во раце ја држеле додека не дошла помошта. Сето ова е чиста среќа, вели Мортен Хојербах.

morten-hojerbah-foto-fejsbuk-1389454793-425867

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1